Експлозијата во близина на крстосницата К4, во срцето на Могадишу, беше толку голема што ги урна ѕидовите на блиското основно и средно училиште Мукасар, а во нападот уништени се и голем број автомобили.
Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Ал Шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда. Цел на нападот бил конвој на Обединетите нации, кој минувал по улицата.
Експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба, како што најчесто оваа терористичка група ги изведува нападите.
Американската амбасада во Сомалија, преку Твитер, изрази сочуство до семејствата на жртвите и повредените и воедно потенцираше дека САД силно ги осудува сите облици на тероризам.
-Луѓето во Сомалија заслужуваат да живеат живот без страв од напади, се посочува во американската реакција.