Полициски службеници од СВР Велес денеска приведоа 20-годишна битолчанка поради сомнение дека вчера околу 17 часот украла златен и сребрен накит од дом на улица „8 Септември“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– На 17.03.2023 во 11.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.К. (20) од Битола. Таа се сомничи дека на 16.03.2023 околу 17:00 часот извршила разбојничка кражба во дом на улица „8 Септември“, при што одземала златен и сребрен накит, се вели во соопштението на МВР.
Како што информираат од МВР, дел од пронајдените предмети се одземени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.