„Инфо Врање“ пишува дека ако приказната е вистинска тогаш Врање доживеало голем срам. Во продажбата вмешани биле вработени во јавна установа, функционер и негов заменик. Истрагата е во тек. Од македонското министерство за внатрешни работи не добивме одговор , дали стапиле во контакт со колегите од Србија и дали имаат прецизна информација за овој случај.