Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствува на пуштање во употреба на реконструирана обиколница Крива Паланка.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, станува збор за многу значаен проект на Коридорот 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија.

На официјалното пуштање присуствува и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски