Во секој момент треба да започне обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод страшната трагедија која ја потресе цела Македонија во која загинаа 59 лица, а 155 беа повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Очекувањата се дека на прес-конференцијата премиерот Мицкоски ќе ги соопшти најновите официјални информации поврзани со трагедијата, како и мерките што ќе ги преземе Владата за поддршка на семејствата на жртвите и повредените лица.

Се очекува Мицкоски да информира и за евентуалната одговорност на институциите и на сопствениците на објектот каде што се случи несреќата.