ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе ја започнат изборната кампања за претстојните локални избори од Охрид.
Првиот собир што го најави партијата е денеска во 18 часот на отворено кај Антички театар во Охрид, а за наредниот ден се најавени собири во Вевчани, Дебрца, Струга и Ресен.
Според програмата што ја објави партијата, собирот во Скопје е закажан за 10 октомври, а кампањата за првиот изборен круг ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши во Штип на 15 октомври.