ВМРО-ДПМНЕ ја промовира денеска „Платформа #1198- Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“.
Проекти подготвени од стручен тим
Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.
Мега проекти
Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1 198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот. Програмата има мега проекти кои ќе бидат презентирани во текот на денешниот ден.
Клучни сектори
Платформата 1198 опфаќа области како здравство и образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред.