Се работи за вулкан во долината Гелдингадалур оддалечен околу 40 километри од главниот грaд Рејкјавик. Ерупцијата почна на 19 март и сѐ уште активно исфрла лава. Се работи за вулканско поле со повеќе кратери.
Првата ерупција на 19-ти почна во 21:40 часот по локално време кога беше исфрлена лава во височина од 600-700 метри покривајќи ја околината до 1 километар квадратен.
Областа е ненаселена, па ерупцијата не претставува опасност по Исланѓаните, но има опасност за загадување со сулфур диоксид.
Пренос од ерупцијата може да се следи преку стримовите на RÚV и Daily Iceland каналите на YouTube: