Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков. Завршните зборови за одбраната се закажени за 6 и 12 јули.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
“Завршни зборови за предметот поврзан со настаните од 27април”
Posted by MИА.mk on Thursday, July 1, 2021