Поради дефект во главниот резервоар во Дебар, што условува неможност за хлорирање, водата за пиење пред употреба задолжително да се преврива, соопшти Јавното комунално претпријатие „Стандард”.
-Ги известуваме корисниците на вода за пиење дека поради дефект на пумпата во станицата за хлорирање, водата нема да биде хлорирана. Таа за пиење може да се користи само превриена заради сигурност на граѓаните, стои во соопштението.
Се додава дека водата нема да се хлорира се до санирање на дефектот, за што ќе има дополнително известување.
-Бараме од граѓаните разбирање и внимание при користењето на водата за пиење до следното известување, се наведува во сопштението на ЈКП „Стандард” кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар.