Според Светската здравствена организација, заклучно со 5 август, вкупниот број случаи на Ковид-19 во светот надмина 200 милиони, потсетува БТА. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупната инциденца на Ковид-19 во Европската унија и Европската економска област за 2-8 август 2021 година изнесува 209,2 на 100.000 жители во споредба со 214,0 на 100,000 неделата пред тоа, вкупниот морталитет изнесуваше 6,3 смртни случаи на еден милион жители во споредба со 4,7 смртни случаи на еден милион жители неделата претходно.

Ширењето на Ковид-19 во Бугарија го означува почетокот на новиот, четврти, пандемски бран. Сите области се погодени од новиот коронавирус, а во 50 проценти од областите инциденцата е над 100 на 100.000 население. Случаите на Ковид-19 се дијагностицираат кај луѓе од сите возрасти. Случаите на Ковид-19 продолжуваат да се пријавуваат и кај медицинскиот персонал.

До 14 август во земјата со првата доза вакцина против Ковид-19 беа опфатени 20,1 проценти од возрасната популација, а со целосна вакцинација беа 18,2 проценти. Продолжувањето на вонредната епидемиска состојба и спроведувањето анти-епидемиски мерки во земјата има за цел да го намали влијанието на Ковид-19 врз јавното здравје и здравствениот систем, земајќи го предвид реалниот ризик од ширење во Бугарија на разни варијанти на САРС-КоВ- 2 со висока инфективност.