Вознемирувачки случај во Битолско во време кога заштитата на децата треба да биде врвен приоритет на секое општество. Подолг период, татко прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред својот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува. Како што соопштија од Јавното обвинителство, Обвинителството во Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот 54-годишник, подолг период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд-куќа во селото Облаково, прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред својот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, стои во соопштението.
Овој случај ја нагласува потребата од навремена институционална реакција и подигнување на свеста за препознавање и спречување на ваквите девијантни појави. Особено загрижува фактот што делата, според наводите, се случувале подолг период во рамки на семејниот дом, кој треба да претставува безбедно место за секое дете.
Ваквите случаи силно ја потресуваат јавноста и отвораат сериозни прашања за безбедноста и за благосостојбата на најранливите.
ПРЕЗЕМЕНО ОД ВЕЧЕР
