Снимките и фотографиите од Газа покажуваат хаотични сцени пред болницата Ал Ахли. Медицинскиот персонал се обидува да им помогне на повредените, но наведуваат дека се во исклучително тешка ситуација и дека не можат да санираат некои повреди бидејќи немаат средства.

Ситуацијата во болницата Ал Ахли палестинското Министерство за здравство во Газа ја опиша како „неспоредлива и незамислива“, пишува Би-би-си.

-Лекарите вршат операции на теренот и ходниците, а некои операции се изведуваат без анестезија, рече портпаролот на Министерството, д-р Ашраф Ал-Кудра во соопштението објавено на Фејсбук рано во средата.

„Многу луѓе се уште чекаат операции, а медицинските тимови се обидуваат да им ги спасат животите.

Тој додаде дека многу од жртвите се деца и жени и дека на многумина од нив не можат да им помогнат бидејќи нивните повреди се „надвор од можностите на нивните медицински тимови“.

Израелските воздухопловни сили ја погодија болницата Ал-Ахли Араби во центарот на Газа, соопштија палестинските власти.

Според последните информации на палестинското Министерство за здравство, бројот на загинати надмина 500.

Предупредување: Фотографиите во продолжение се вознемирувачки