На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка која прикажува нов случај на врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром, што предизвика бурни реакции во јавноста.

На видеото се гледа како девојче е клекнато на колена и моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, удираат шлаканици и го влечат за коса. Сцената се одвива пред очите на повеќе присутни малолетници, кои наместо да интервенираат, го снимаат целиот инцидент со мобилни телефони.

Дополнително вознемирува и фактот што дел од присутните го поттикнуваат насилството, бодрејќи ги напаѓачите и охрабрувајќи го продолжувањето на малтретирањето.

„Ќутете да слушнеме како ќе пука“, се слуша на снимката како изјавува едно од момчињата кое го документира настанот, додека чека друго девојче да му удри шлаканица на жртвата.

Случајот предизвика остри реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции и посериозен пристап кон врсничкото насилство и неговата превенција.