Засега не се познати причините за трагедијата.
Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.
Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упати и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум. Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.