Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.