Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 37 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, известуваат од УХМР.