Северен ветер и топло време низ целата држава

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и пријатни температури низ земјава. Во делови од Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневната температура ќе достигне меѓу 23 и 31 степен.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од недела повторно нестабилно време

Според прогнозата, утре времето ќе остане стабилно и сончево, со умерен, а повремено и засилен северен ветер.

Од недела попладне повторно се очекува локална нестабилност. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.