Шпанското Министерство за здравство потврди втор случај на инфекција со хантавирус кај шпански државјани кои се во карантин во Централната болница „Гомез Ула“ во Мадрид. Станува збор за патници евакуирани од крузерот „МВ Хондиус“ по појавата на епидемија на бродот, со што бројот на заразени меѓу нив се искачи на двајца.
Новозаразеното лице било идентификувано како близок контакт на првиот потврден случај и веќе се наоѓало во изолација и под медицински надзор согласно здравствените протоколи. Инфекцијата била откриена со рутинско PCR тестирање, а шпанските власти соопштија дека засега нема зголемен ризик за пошироката јавност.
Останатите 12 шпански државјани и понатаму се во карантин и под медицински надзор. Министерството за здравство соопшти дека мерките за изолација ќе останат во сила сè додека не истече 42-дневниот период предвиден со меѓународните здравствени протоколи.
