Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски на парламентарните избори, како и победата на Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка.

„Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата победа на парламентарните избори, како и до Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Северна Македонија“, напишал Вучевиќ на социјалната мрежа „Х“.

Тој укажал и на блискоста на српскиот и македонскиот народ.

„Сигурен сум дека во наредниот период ќе направиме дополнителен напредок во нашите односи. Се радувам на соработка за доброто на двете земји и на двата народа“, објавил Вучевиќ.

 

Државната изборна комисија вчера ги објави конечните изборни резултати врз основа на 100 отсто од обработените изборни материјали, според кои ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е апсолутен победник на парламентарните избори со 58 мандати.

Исто така, нова претседателка ќе биде Гордана Силјановска-Давкова, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, која во вториот круг доби двојно повеќе гласови од претседателот во заминување Стево Пендаровски