Парламентарните избори во Србија најверојатно ќе се одржат на 18 или 25 октомври, најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ посочи дека конечната одлука за датумот на изборите ќе биде донесена во наредните неколку дена.
„Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври“, изјави Вучиќ.
Српскиот претседател потсети дека претходно веќе најавил оти парламентарните избори ќе се одржат кон крајот на октомври.
