Тој изјави дека помошта ќе изнесува 3.000 динари, односно 25 евра.
Како што посочува, сите над 16 години, кои ќе бидат вакцинирани со една или две дози до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари.
-Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки за оние кои нема да примат вакцина, размислувавме како да ги наградиме вакцинираните, рече тој.
Целта, како што рече, е да се наградат оние што покажале одговорност, како и да ги поканат другите да се вакцинираат.
-Ние сакаме да постигнеме колективен имунитет со цел да се посветиме на работата, соопшти претпладнево Вучиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во своето гостување на ТВ Пинк, посочи дека денес и се обраќа на јавноста со цел да објави неколку многу важни одлуки за граѓаните.
– Вакцинацијата е услов за секого. Јас се консултирав со премиерката доцна синоќа. Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки против оние кои нема да примат вакцина, што сметам дека е многу себично и неодговорно. Затоа решивме да им дадеме дополнителна помош на сите што биле вакцинирани. Покрај дополнителните 30 евра што ќе ги добијат сите, и 50 евра за пензионерите. Сите над 16 години кои биле вакцинирани со една или две дози, ќе добијат дополнителни 3.000 динари од државата – рече претседателот.