Како што соопштија од Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател, Вучиќ и Радев прво ќе имаат тет-а-тет разговори, по што ќе се одржи пленарен состанок на делегациите на двете држави.

По состанокот со претставниците на бугарското национално малцинство во Србија, Вучиќ и Радев ќе го откријат споменикот на Св. Кирил и Методиј, каде ќе имаат и свое обраќање.

Двајцата претседатели ќе ја посетат и реконструираната зграда на Гимназијата Св. Кирил и Методиј во Димитровград, соопшти Канцеларијата за медиуми на српскиот претседател.