Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за американската телевизија Си-Ен-Ен, рече дека српската страна ги спроведувала сите меѓународни обврски од Бриселскиот договор, а косовската страна не ја исполнила онаа што ја имала – формирањето на Заедницата на српски општини.
Вучиќ истакна дека од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на власт имало 353 етнички мотивирани напади врз Србите, додавајќи дека ова е најголемиот број на вакви инциденти од прогласувањето на независноста на Косово.
“Само оваа година имаше пет пукања врз цивили од српска националност. Србите сакаат само безбедност и сигурност за себе и за своите семејства, рече Вучиќ.
Тој ги негираше обвинувањата на Албин Курти дека ги уценувал Србите да не гласаат на локалните избори во северно Косово, прашувајќи ја водителката дали некогаш видела легитимни демократски избори на кои излегле нешто повеќе од 3 отсто од гласачите.