Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денес изјави дека е пронајдена „тајна просторија“ со десет килограми експлозив во куќа во Ритопек, што ја користеле членовите на групата на водачот на навивачите на Партизан, Вељко Беливук.

„Пронајдена е тајна просторија во таа „куќа на ужасот“, до која дојдовме откако разговаравме со членовите на таа група. Пронајдовме големо количество оружје во просторијата, повеќе од десет килограми разни видови експлозив и индустриска машина за мелење месо, за мелење коски“ рече министерот, како што објавија од неговиот кабинет.

Министерот Вулин спомена дека јавноста не смее да дозволи никој да се обиде да го релативизира пронајденото и да го претстави како „политичка или навивачка пресметка“.

„Ова е пресметка со најсериозната организирана криминална група од „Земунскиот клан“и е пресметка со луѓе кои убија други луѓе на најмонструозен начин“, рече тој, додавајќи дека групата била подготвена со таа количина експлозив конфликт да води конфликт и со државата.

Вулин истакна дека не ја исклучува можноста во куќата во Ритопек да има такви простории.