Коментирајќи ја изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека Србија треба да одлучи „дали е за ЕУ или Москва“, Вулин кажа дека Хрватска се обидува да ја услови Србија со „исчезнатите, признавање на геноцид, со различни извинувања и сега со откажување од пријателите“.
-Доколку нашиот пат кон ЕУ почне со лекување на хрватските фрустрации, продолжи со откажување од нашите пријатели и заврши со напуштање на самите себе, тогаш подобро е да не одиме во ЕУ. Доколку нашиот пат кон ЕУ води преку понижување до лаги за Сребреница и тишина пред вистината за Јасеновац, тогаш е фер Србија да оди по својот српски пат, изјави Вулин, а соопшти Движењето на социјалистите.