Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.270 нови случаи на зараза со коронавирус.

Бројот на активни случаи изнесува 44.578.

Од нив во болница се лекуваат 2.191 пациенти, а на респиратор има 178 Хрвати.

Починаа уште 57 пациенти. Бројот на жртви од коронавирус во Хрватска досега е 14.194.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеле 985.050.