Ангелов појасни дека било лажна вест дека од австриските пожарникари е украдена пила и дека тој сакал да се пошегува кога ги посочил припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, коишто помагаа околу гасењето на пожарите, како виновници за наводната кражба на пилата.
Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожаникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на апсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера – изјави Ангелов.