Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 277 возачи.
– Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место, соопштија денеска од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.