За само четири месеци околу 200 средношколци и основци од градот Тетово се иселиле во странство. Тоа значи дека се затвориле околу 8 одделенија. Од секторот за општински дејности велат дека овие податоци се загрижувачки бидејќи училиштата ќе останат без ученици, објави тв21.
„На почетокот на второто полугодие побаравме информација од сите основни и средни училишта за тоа колку ученици имаат земено документ за трансфер во странство, при што од информациите од основните училишта, 143 ученици земале таков документ, додека од средните училишта 59 ученици и ако ги пресметаме овие бројки по бројот на одделенија, ако во едно одделенија има минимум 25 ученици, излегува дека имаме осум одделенија помалку“, вели Назми Даути.
Целиот текст тука