Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18 до 23 часот, полициски службеници спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола, при што изречени се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола.

Исто така, како што соопштуваат од МВР, во периодот од 23 до 02 часот, на подрачјето на Битола за време на спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол санкционирани се пет возачи.