Оваа јужноамериканска држава во последните седум дена давала просечно по 1.299 дози дневно на 100.000 луѓе, покажуваат резултатите од вакцинацијата врз основа на податоците собрани од Универзитетот Оксфорд.

Вообичаено побогатите и поразвиените земји имаат подобар пристап до вакцините бидејќи имаат поефикасна инфраструктура во здравствениот систем, што им овозможува да произведуваат, стекнуваат и доставуваат дози. Околу 62 отсто од луѓето кои примиле барем една доза од вакцината се од земји со високи приходи, а најмалку 60 проценти се од Европа и Северна Америка. Податоците не ги вклучуваат земјите кои само го пријавуваат вкупниот број на дози, без да го наведат бројот на вакцинирани граѓани.

За повеќето вакцини против Ковид-19 потребно е да се примат две дози, вклучувајќи ги и оние на АстраЗенека, Модерна и Фајзер/БиоНТек. Вакцината за Џонсон и Џонсон бара само една доза.

Во Македонија пак, се вакцинира само медицинскиот персонал со вакцини подарени од Србија, а на 28 март, предвидено е во Скопје да пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот.