За три години, се случија 3 големи несреќи каде животот го загубија 75 луѓе, а власта не расветли ниту еден случај, и за ниту еден нема политичка и вистинска кривична одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред три години во автобуската несреќа загинаа 16 наши сограѓани.
Минатата година во Тетово живи изгореа 14 наши сограѓани во
модуларната болница за кои СДСМ, Филипче и ДУИ не убедуваа дека е поради прегреан кабел . Пред неколку месеци 45 лица загинаа во автобуската несреќа во Бугарија која се случи преку компанијата милениче на ДУИ и СДСМ Беса Транс која работела без потребните дозволи и незапазувајќи ги процедурите.
Во сите овие три случаи нема никаква политичка одговорност, ниту кривична одговорност, а вината се префрла на погинатите затоа шпто тие не може да зборат.
Несреќата во Ласкарци е доказ дека системот не функционира и дека нема спроведување на правдата.