„За Универзална сала, првата фаза е веќе истендерирана и треба да се заврши. Сега ќе се истендерира и втората фаза. Обезбедивме финансии за три години и воедно ветивме дека за три години Универзална сала ќе биде готова, со клуч на рака“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.
Таа додаде дека помина долг пат во примопредавањето на документите, но процесот конечно заврши и кон крајот на оваа недела ќе може инвеститорот да почне со работа.
Министерката додаде дека за годинава се предвидени 120 милиони денари, додека за наредните две години се планирани поголеми суми за реконструкцијата на Универзална сала.