Неверојатно како никој од Фудбалската федерација на Македонија, за која и Министерот за Надворешни работи и Правда потврдија дека нема основ за промена на името, не реагираат на оваа промена. Уште помалку не реагираат за непостоечката националност, која изгледа полека се одомаќува и наскоро од колоквијално ќе премине во официјално.
Дали надлежните во МНР планираат да реагираат или пак ќе остават повторно дипломатската стихија да си го одработи своето – да не реагира на непочитувањето на Преспанскиот договор, и полека со сигурност да бидат сведоци на вештачко креирање на нова, и воедно непостоечка нација – Северномакедонска?