Проверки и превентивна акција против малолетничка деликвенција
Министерството за внатрешни работи заедно со општините Кисела Вода и Центар спроведе превентивна акција во централното градско подрачје на Скопје.
„Преку оваа иницијатива се утврди ситуацијата со малолетници во ноќните часови, а низ разговори со нив се испрати порака за значењето на превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција,“ изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Можно е со видео надзор да се следат и парковите.
Ќе ја разгледаме можноста за надградба на системот ‘Безбеден град’ со видео надзор во паркови и други места каде има нарушување на јавниот ред и мир,“ додаде Тошковски.
Министерот истакна дека продолжува координацијата помеѓу МВР и локалните самоуправи. Според него тоа е позитивен пример за создавање ефикасни механизми за превенција и заштита.