Од 10 до 20 февруари ќе се одржат заеднички воени вежби меѓу Русија и Белорусија, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се изведуваат на пет полигони и четири аеродроми, објавија руски медиуми.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко вчера најави дека двете земји ќе одржат заеднички воени вежби.

Тие ќе се одржат во услови на зголемени тензии меѓу Русија и Западот поради ситуацијата во и околу Украина.

Западот, всушност, ја обвинува Русија дека подготвува инвазија на Украина, додека Москва категорично ги отфрла таквите тврдења и бара гаранции од НАТО дека нема да се прошири кон исток.