– СДСМ е партија што гради човечки капацитет, на Конгресот е избрана заменичка претседателка Сања Лукаревска, што докажува дека партијата ја спроведува политиката на рамноправност и поддршка на младоста. Изгаласан е предлогот за кадроваско освежување на новиот состав на Централниот одбор, рече Заев.
Тој потенцираше дека подмладен значи и подобар СДСМ и дека две третини од Централниот одбор е освежен, со што го задржуваат и континуитетот. Млади се 45 членови што е 35,5 проценти, најмногу и во СДСМ и во која било друга партија во Македонија. СДСМ е партија на сите граѓани и таа разноликост ја вреднуваат и на овој начин.
– За претседавач е избран Перо Костадинов ,градоначалникот на Валандово, а за членови, покрај другите, избрани се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Коста Костадинов, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Дарко Каевски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ, Благој Бовчарски, Андријана Будимир, Рената Јајовска, Јована Тренчевска… За генерален секретар повторно е избран Љупчо Николовски. За потпретседатели се избрани Фатмир Битиќи, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, додека Сања Лукаревска ќе биде заменик претседател на СДСМ, чиј избор најмногу го образложуваше лидерот Заев порачувајќи дека со оваа одлука праќаат порака дека им даваат шанса на младите, вели претседателот на СДСМ.
Според него партијата добила нова свежина, нов полет, кои заедно со искуството ќе придонесат за подобро функционирање на државата.
– Почнуваме ново четиригодишно поглавје со зацртани нови цели – рече Заев, споменувајќи вакцинацијата, ред и неселективна правда, развој на економијата и слично, најавувајќи наедно изградба на 260 километри автопатишта и реконструкција на 1.500 километри од постојната инфраструктура, рече Заев.