Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање околу тоа дали се точни написите дека СДСМ нема да ја поддржи резолуцијата доколку не биде усогласена со уставот во однос на уставното име, изјави дека тие ќе го почитуваат уставот.
-Во резолуцијата на неколку места се спомнува Република Македонија, а уставот е Република Северна Македонија и ако ја читате во преамбулата на самата резолуција и слично стои името Република Северна Македонија и тоа е устав, не е дали ние сакаме, некој не сака или ние не сакаме, па друг сака да биде тоа вградено, изјави Заев
Тој додаде дека СДСМ нема да партиципира во резолуција, за која ВМРО-ДПМНЕ го избегнува терминот „Северна“
-Секоја резолуција има преамбула која што се повикува зошто некоја институција во конкретниот случај парламентот тоа го прави така, да вие може да изберете и дел од текстот ако сакате резолуцијата е комплетна заедно со преамбулата, ако видите било која резолуција донесена во македонскиот парламент секој пат има прамбула која што е влезен дел на резолуцијата заради тоа што е неопходен во донесувањето на вакви документи на парламентот, а ако некој сака да го избегне уставното име на Репбулика Северна Македонија нека го прави тоа сам, ние овде нема да партиципираме, истакна тој.