Од први јануари 2022 државата ќе ги покрие придонесите за секој млад до 29 години кој ќе се вработи за прв пат, а следува и дополнителен стимул за секој месец, за секој нововработен.
Истовремено, за оние кои се уште не се подготвени за работа бидејќи сѐ уште не развиле вештини, државата ќе го покрие трошокот на фирмите за да ви дадат пракса.
– Драги млади, ве повикувам, следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво. Можностите се пред вас, државата и општините ги обезбедуваат, останете дома и ангажирајте се. Младинската невработеност беше 42 процента – ние ја намаливме на 29 проценти и уште ќе паѓа. Ние сме прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција. Само изминатата година на овој начин се вработија над 8.400 млади луѓе. Во првите шест месеци од оваа година веќе се вработени 2.066 млади луѓе, истакна Заев
Заев се осврна и на капиталните реформи кои беа донесени од владата предводена од СДСМ во изминатиот период.
– Уште еден важен чекор за младите е студентскиот оброк што го обезбедивме за секој редовен студент, по примерот на развиени европски земји – нешто што никој не го направил досега! На 17.836 студенти веќе им се исплатени вкупно 25.7 милиони денари за месец септември. Ова е од голема помош на младите, за време на студирањето, бидејќи 9 месеци во годината ќе добиваат по 2.400 денари за храна, рече Заев.