– Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Република Хрватска, на гробиштата „Мирогој“ во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров.
Претседателот Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес.
Според вториот амандман на Уставот, усвоен од Владата согласно Договорот од Преспа и заклучоците на Собранието, во Преамбулата на Уставот се избриша зборот „АСНОМ“ , а знаеме дека Брашнаров пред кој денес се поклони претседателот Пендаровски во 1944 година како најстар делегат го отвора Првото заседание на АСНОМ.