– Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ, порача Заев.
Заев е единствениот кандидат за партиски лидер на СДСМ и исходот од внатрепартиски избор, односно неговиот реизбор e повеќе од извесен.
За гласање, како што беа најавите, пријавени се 68 999 членови. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија на СДСМ во сите 80 општински организации, а ќе се гласа на 237 избирачки места.
Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат…
Posted by Zoran Zaev on Sunday, March 21, 2021