Тој рече:

-Јас сум верник, голем верник. Секоја трета недела наутро, одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, го почитувам секој православен празник. Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, висок 54 метри. Помогнав и во изградбата на неколку џамии во Македонија. За мене, сето тоа е Божји дом

И тогаш тој рече дека неговото семејство било протестантско.

-Моето семејство беше протестантско. И мајка и татко кога биле млади. Во раните 90-ти, сите влеговме во православната црква, двајца чичковци беа погребани според православните обичаи. Јас се крстив во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот пријател. Веќе бевме во Православната црква, но јас не бев крстен. Се венчав во црква, моите деца беа крстени – истакна Заев.