Вели дека не очекува така да се однесува опозицијата.
-Гледаме и во предвечерието на кампањата каков е односот. Лажните вести се постојано присутни. Негативните тендеции се постојано присутни. Нешто што не се менува кај нашиот политички опонент. Кај нас веројатно тоа предизвикува одредена предност бидејќи граѓаните се фокусирани кон иднината. Но не е добро за државата. Дефинитивно јас и на последната средба којашто ја имавме вчера, следејќи ги резултатите од германските избори, си посакавме позитивна кампања, си препорачавме да бидеме навистина фокусирани на промотивен позитивички дел зашто и тие ние сме свесни дека граѓаните тоа ги интересира, рече Заев.