На конкретните обвинувања од страна на Мицкоски, Заев одовораше со доза на цинизам и надменост па дури и се смешкаше. Честопати тој избегнуваше да даде одговор на прашањата, а едно од нив е што би направил тој доколку СДСМ изгуби на претстојните локални избори. Тоа видео се прошири по социјалните мрежи и може да го погледнете ТУКА.

Дури и го опомена Мицкоски зошто е нервозен за пожарот во Тетово. На тоа Мицкоски му одговори дека е нервозен бидејќи 14 луѓе изгореа.

Наместо конкретни одговори, Заев се служеше со флоскули и во ниту еден момент не кажа дека ќе го смени министерот за здравство. „Да ја почекаме истрагата“, се правдаше Заев.

За разлика од него, Мицкоски зборуваше со факти, наведувајќи дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ и посочувајќи дека не е потребна само морална, туку и кривична, како и политичка одговорност.

Нелогичен беше и одговорот на Заев зошто Македонија има толку починати од корона. Заев ги обвини граѓаните дека се виновни бидејќи доцна оделе на лекар и оти за тоа е виновен нашиот менталитет.

На тоа Мицкоски имаше контрапрашаање што е различен нашиот менталитет со тој во Србија, Албанија, Хрватска…?

Наместо да тргнете по набавка на вакцини или пак да се вклучиме во некој проект за производство вие трчавме по провизии-обвини Мицкоски.

Со дебата Мицкоски докажа дека не се сите исти и оти има разлика меѓу него и Заев. Затоа можеби Заев цело време беше отсутен и без допир со реалноста. Нервозата на неговото лице доволно кажува како си поминал на дуелот.