– Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Македонија. Вакцините се здрави, треба да ги користиме сите бидејќи колку побрзо се вакцинираме сите, толку побрзо ќе ја победиме пандемијата. Само така ќе ја спречиме заразата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече Заев.

Рече дека информацијата за пристигнувањето на Астра Зенека ја знаеле од пред неколку дена.

– Информацијата дека во недела ќе пристигнат 24 илјади дози вакцини преку Ковакс системот ја знаевме уште пред два три дена, но, синоќа на министерот Филипче му беше потврдено и тој ја објави информацијата. Со оваа пратка може да почне првиот чекор на масовна имунизација на државата, изјави Заев.

Тој најави дека деновиве ќе стасаат и други колични вакцини по други механизми.