– Молиме европски манири, европски однос од сите соседи, рече Заев.

Сепак, според него, ако не во јуни, тогаш ќе почнеме преговори во август или септември. Заев истакна дека земјава не го оспорува идентитетот или корените на било кој народ, па затоа бара реципроцитет или како што нагласи – ние сакаме Европа да биде Европа, ниту помалку ниту повеќе.

Posted by MИА.mk on Wednesday, June 2, 2021

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев ја повтори потребата од билатерален дијалог на сите нивоа, изготвување на патокази и давање на гаранции.

– Постои список на официјални барања на кои треба да се одговори, но најголемата цел е младите од двете страни, кога ќе паднат границите, да не се мразат едни со други. Јас ја задолжив техничката влада да разгледа дали е можно да се соберат млади луѓе од двете земји. Наместо да плаќаме за едноставни мерки за одржување на туризмот во живот, нека им даде пари државата на оние хотели кои ќе ја преземат поддршката за децата, студенти од Бугарија и Северна Македонија. Ова му го предложив на Пендаровски во Рим, рече Радев.

За време на денешниот престој во Софија, португалскиот претседател Марсело Де Соуза ја повтори својата подготвеност да го олесни дијалогот.

– Што се однесува до Западен Балкан, ние ја знаеме историјата, знаеме дека процесот е тежок и за земјите членки на ЕУ и за оние кои се надвор од Унијата, но сакаат да влезат во неа. Она што е најважно е климата, да се отвори патот низ кој може да се надминат разликите, бидејќи може да има различни мислења за овие разлики, но позицијата на португалското претседателство е дијалог, разбирање. Ние сакаме да помогнеме не со јавни изјави, туку со конкретна поддршка за дијалог, да помогнеме во надминување на разликите за да имаме резултати, рече Де Соуза.

Португалија која уште месецов претседава со Унијата, достави до Скопје и Софија предлог за деблокирање на пристапните преговори меѓу земјава и ЕУ, но само нашата влада наведе дека е добра основа за решение. Бугарија немаше таков став.