Претседателот Заев истакна дека само за три години се реализирало ништо што со децении не било возможно да се реализира.
-На 30-ти септември – пред три години, на Денот на референдумот, на патот кон добрата иднина, 610.000 граѓани, незапаметена бројност на излезени граѓани, на некое изборно изјаснување досега, достоинствено излегоа на гласање и заокружија ЗА – за Договорот од Преспа, ЗА – за НАТО, ЗА – за ЕУ. Од независноста до денес, не постои политичка понуда, опција, партија или идеја, којашто добила повеќе гласови на кој било изборен циклус. На 30-ти септември, денес, по три години, Македонија, целиот наш народ, сите граѓани, секој од нас, секој вас, сите – имаме голем заеднички успех! После 20 години, имаме успешен попис! Народе мој, ова се гигантски успеси. Да сме горди на себе, со право сме горди – за само три години, тоа што било невозможно со децении – денес се непроценливи вредности, во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!порача претседателот Заев во Гевгелија.