Претседателот на СДСМ, Заев, посочи дека убава иднина има државата, но и секоја општина и секое маало.
– Напредуваме! Создаваме нови работни места, градиме и инфраструктура и нови паркови. Денес парите се трошат за потребите на граѓаните, посочи претседателот на СДСМ, Заев.
Тој вели дека го кренале економскиот стандард.
– Расте просечната плата, расте минималната плата. Вложуваме во инфраструктурата, изградивме и реконструираме околу 60 градинки, голем број основни и средни училишта, 80, повеќе од 50 полициски станици, над 500 километри водоводи и канализации, над 1.000 километри патишта. За овие 4 години, Кисела Вода се разви како никогаш досега. И затоа ние сме најдобрите и го нудиме Најдоброто, порача Заев.
Тој додаде дека и во Кисела Вода и насекаде низ државата, се работи посветено и со љубов за општините и за својот народ, дека граѓаните едноставно може да споредат како било порано, а како е денес и дека верува дека граѓаните на општината Кисела Вода ќе ја дадат повторно довербата на сегашниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за нов мандат, Филип Темелковски, а низ државата најголемата поддршка ќе ја добие коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.