Не е чесно ниту кон граѓаните, ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот, велат од СДСМ по денешните говори на Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов на настан во МАНУ.
Црвенковски, долгогодишен претседател на СДСМ, ги критикуваше и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, а кажа и дека државата е корумпирана, поделена и живее од кредити.
“Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца”, му одговорија од СДСМ.